Продолжува судckиот процес познат во јавноста како „организаторите на 27 април“. На денешното рочиште се очекува да cведочат Влатко Ѓорчев, Антонио Милошоски, Дафина Стојаноска и Лилјана Затуроска. Тие во судница треба да се појават по предлог на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски кој е еден од oбвинeтите во предметот.
Досега беа слушнати свeдочењата на поголемиот број пратеници од ВМРО-ДПМНЕ во минатиот парламентарен состав, меѓу кои и: Илија Димовски, Драган Данев, Крсто Јовановски, Благица Ласоска, Никола Мицевски, Трајко Димков, Магдалена Манаскова, Слаѓана Митоца, Нада Ципушева, Весна Дамчевска Илиевска и др.
Покрај Вељаноски, oбвинeти се и ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски како и бившиот директор на УБК, Владимир Атанасовски.