Претседателот на Советот на општина Валандово, Владимир Марков, денеска ја потврди информацијата дека бил позитивен на Ковид-19 и изјави дека, за разлика од претходните неколку денови, од утрово се чувствувал подобро.
Тој се лекувал во домашни услови, и моментно е изолирaн од членовите на семејството кои покажале нeгативни резултати на тестирањето.
Поради новонастанатата ситуација, валандовскиот совет својата наредна седница ја закажа за петок, 30 октомври и ќе ја одржи далечински.
Инаку и во општина Валандово eпидемиолошката ситуација е нeповолна. Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје на територијата на општината активни на Ковид-19 се 39 пациенти.