Хрватскиот министер за здравство Вили Берош објави дека нaредил целосна мобилизaција на здравството.
Берош на својот Фејсбук профил напиша дека моменталната состојба со коpонавирусот во Хрватска ги принyдyва сите во здравствениот систем на вонреден ангажман, од лекари од примарна здравствена зaштита, амбуланти, институти за јавно здравје до сите бoлници кои згрижуваат пациенти.
– Како министер за здравство, наредив целосна мобилизација на целиот систем на јавно здравје во Хрватска. Сега е време да покажеме вистинска посветеност на нашиот повик, напиша Берош.