„Универзална сала“ кoнeчнo ќe ce peкoнcтpyиpa co 2 милиoни eвpa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Универзална сала ќе се реконструира во постојната големина и со постојниот изглед. Град Скопје со ребалансот на државниот буџет кој е во собраниска процедура, ќе добие 2 милиони евра за реконструкција.
По префрлањето на парите на наменската сметка, ќе се распише тендер за изведувач и до крајот на годинава ќе стартуваат работи. Градоначалникот Шилегов вели дека со реконструкцијата Универзална сала ќе се задржи автентичноста.

„Нема да се врши доградување, ниту надградување бидејќи од Асоцијацијата на архтекти на Македонија кажаа дека на постојната локација поголем објект не може и не смее да има. Ќе се реновира внатрешноста и надворешноста на објектот и наесен догодина ќе биде спремен за концертнатата сезона“, вели Шилегов.

Летово, Град Скопје распиша конкурс за идејно решение за парк на местото на Универзална сала, а нова концертна сала беше предложено да се гради на нова локација. Тогаш Шилегов рече дека на овој простор, нема услови за градење на поголема сала, а дека на Скопје му треба вистинска концертна сала. Како нова локација тој ги посочи оранжериите на ЈП „Паркови и зеленило“.

Идејата на Шилегов предизвика бројни реакции во јавноста кои беа против уривање на концертната сала, бидејќи e симбол на Скопје. По одреден период, Шилегов рече дека најсоодвентно решение е постојниот објект да се реконструира, а нов објект да се гради на нова локација.

„Првиот дел е завршен, Универзална сала реконструирана ќе ја вратиме на скопјани. Во исто време, ги продолжуваме разговорите со Министерството за култура за изградба на нова концертна сала во Скопје и буџетирање на средства за оваа намена“, додава Шилегов.

Универзална сала е затворена скоро 6 години, од 10 март 2015. Таа е изградена после скопскиот земјотрес, и е идентична со ојектот на некогашниот софиски национален циркус.

Latest News

Go88 Casino A New Level of Gaming

Gaming has become an integral part of our lives, with technology constantly evolving to provide us with better and...

More Articles Like This