April 30, 2024, 12:44 pm

Законот за заштита од зapaзни болecти денес пред пратениците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја започне 21. седница на која на дневен ред се повеќе од дваесет закони, од кои дел се поднесени од пратениците од власта и од опозицијата. Се очекува пред утврдување на дневниот ред, листата на точки да биде дополнета.

Пратениците треба да се изјаснат за потребата за носење на два закона по скратена постапка и тоа: Предлог на закон за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење.

Пратениците треба да се изјаснат и за измените на Законот за домување, измените и дополнувањата на Законот за железнички систем, на Законот за комуналните дејности, на Законот за поштенските услуги, на Законот за државјанството на Република Македонија, на измените на Законот за личното име и на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, на измените и дополнувањата на Законот за трговските друштва, на Предлог на закон за општа безбедност на производите, на Предлог на закон за фитофармација, измените и дополнувањата на Законот за личната карта, како и на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија и на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите во прво читање.

На предлог на опозицијата на дневен ред се и дополнувањата на Законот за заштита на населението од зapазни болести, во прво читање.

Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, до Собранието доставија измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, на Законот за високото образование, на Законот за работните односи, на Законот за административни службеници и на Законот внатрешни работи, сите во прво читање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This