Евроамбасадорот Гир бара да продолжиме со дијалогот со Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Евроамбасадорот во Македонија Дејвид Гир, денеска на прес-конференција рече дека тоа што треба сега да се направи е да се усвои преговарачката рамка за земјава и да се најде датум за поскорешно одржување на меѓувладината конференција меѓу земјава и Европската Унија. Се разбира во наш и во ваш интерес е овој датум да биде закажан што порано, рече Гир.

-Во март минатата година сите 27 земји-членки на ЕУ тогаш одлучија дека Македонија е подготвена да ги започне пристапните преговори со Европската Унија. Тогаш таа одлука беше донесена, а тоа што сега треба да се направи е да се усвои преговарачката рамка за вашата земја и да се најде датум за поскорешно одржување на меѓувладината конференција меѓу вашата земја и Европската Унија, истакна Гир, додавајќи оти и од заеднички интерес е овој датум да биде закажан што порано.

Според него, сето тоа одзема време, но најважно е, како што рече, дека перспективата за евроинтеграцискиот процес на земјава не се доведува во прашање.

-Она што е најважно е вашата земја да продолжи на реформскиот пат и да го направи тоа што е можно побрзо затоа што тоа не е во интерес само на ЕУ, туку е во интерес на граѓаните на Македонија. И се разбира дека е исклучително важно и да се продолжи дијалогот со Бугарија, што ќе биде во духот на Договорот за добрососедство. Во овој момент не е прашање дали РСМ ќе ги отпочне преговорите со ЕУ, туку прашањето сега е само кога, подвлече Гир.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This