Каракачанов ги објави трите точки што бара да бидат додадени во Договорот за добрососедство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Красимир Каракачанов, лидерот на бугарското ВМРО и потпретседател на владата, денеска за бугарската телевизија ги објави трите точки кои Софија бара да бидат ставени во анекс на Договорот за добрососедство за да може да биде тргната блокадата на Бугарија.

Според него, тоа се:

Решавање на историските спорови,

Промена на учебниците по историја и

Откажување на претензиите за малцинството.

„Не се уморив 30 години да повторувам дека добрите односи меѓу Бугарија и македонија не смеат да бидат на сметка на бугарскиот идентитет, достоинството и интересите“. рече Каракачанов, додавајќи дека Софија повеќе сама Македонија да биде во ЕУ, отколку ние самите.

Каракачанов повтори уште еднаш дека терминот „Република Северна Македонија“ треба да се однесува само на територијата на сегашниот политички иднетитет, а не и на териториите на соседните држави.

Покрај тоа, Каракачанов ги повтори истите тврдења за крадење на бугарската историја и култивирање на омраза спрема Бугарија. „Повеќе држави на ЕУ, наши партнери, не може да бараат од земја-членка да се откаже од нејзините национални интереси во корист на земја кандидат. Таков парадокс нема никаде во светот“, рече Каракачанов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This