Ахмети сака да го реши спорот со Бугарија „по брза постапка“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети синоќа се сретнал со поранешниот премиер Владо Бучковски, задолжен од Владата зa спорот со соседна Бугарија. Според фотографијата, средбата се одржала во кабинетот на Артан Груби во Владата.

Ахмети и Бучковски дискутирале за спроведувањето на Договорот за добрососедство помеѓу Скопје и Софија, актуелните ставови на двете страни и најдобрите начини за надминување на создадениот спор.

– Ахмети даде потполна поддршка за интензивниот дијалог и изрази доверба дека решението е брзо достижно без ниту една последица врз јазикот и културата кои не се дел од спорот и дијалогот.

Европскиот дух на постигнување на договорот треба да преовладува и за време неговото спроведување, без одолговлекувања и како дел од преговарачката рамка на односите помеѓу соседите, но и во рамките на уставните определби за немање на територијални претензии спрема нашите соседи – наведуваат од ДУИ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This