Николоски на cpeдбa co Јан Коп: Гo зaпoзнaл co клучните цeли на Haциoнaлниoт coвeт зa eвpoинтeгpaции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Александар Николоски се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија, Н.Е. Дирк Јан Коп.

Како што соопшти, Николоски го информирал амбасадорот дека во текот на месец јануари годинава остварил средби со амбасадори на земји-членки на ЕУ.

На средбата го запознав амбасадорот на Холандија за клучните цели на Националниот совет за евроинтеграции од формирањето во 2007 година, надлежностите, инклузивниот состав и клучната улога што Советот треба да ја оствари во процесот на пристапните преговори со ЕУ.

Исто така на средбата разменивме мислења за прашања од областа на борбата против корупцијата, предизвиците што претстојат во процесот за почеток на преговорите, ефектите од пандемијата со Ковид 19 врз економијата, проблемите околу вакцините, соопшти Николоски.

Целосниот пост може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This