Амбасадорот на САД Џес Бејли, човекот одговорен за рушење на Уставниот поредок на Македонија и инсталирање на квинслишката влада на Зоран Заев, денес на својот Твитер профил се пофали дека имал „прекрасна дискусија“ за бегалците и миграцијата
По објавувањето на стратегијата за вдомување и интеграција на мигранти, подготвена од Министерството за труд и социјална политика, и објавениот тендер за изградба на станови за вдомување на 20.000 мигранти од блискиот и среден исток, со парите на Македонските граѓани, денес амбасадорот на САД и премиер во сенка Џес Бејли, продолжи со промоција на проектот во друштво на останатите амбасадори, покровители на СДС.
Станува јасно која е целта на Бејли и неговата влада, и зошто беше исклучително ангажиран околу поставувањето на Заев и СДС на власт наспроти волјата на граѓаните. Целта е спроведување на планот на САД и НАТО, за стационирање на бегалците кои токму тие ги продуцираа во кризните подрачја на блискиот и среден исток, во Сирија, Либија и Ирак, поддржувајќи ги со пари на Пентагон тамошните терористи.
Истите тие терористи, сега се во бегство поради руската офанзива против тероризмот во овој регион, а САД и НАТО бараат слободна територија која би ја претвориле во голем бегалски камп. Како Македонија.
Great discussion on #refugees and migration w/ @dan_oryan and Mandel Foundation alumni pic.twitter.com/Y1YyQJEvU0
— Amb. Jess Baily (@AmbBaily) July 20, 2017