April 30, 2024, 12:39 pm

Берзански шпekyлaнти со вaлkaн keш се обидуваат да го ykpaдат 3ИK Пелагонија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Васко Митев директор на инвестицискиот фонд „Илирика Инвестмент“, син на екс-директорката на УЈП Петра Митева, бил вмешан во берзански шпекулации на Македонската берза, а во врска со акциите на ЗИК Пелагонија, дознава „Инфомакс“.

Петра Митева, инаку мајка на Васко Митев, своевремено беше вмешана во криминалната приватизација на „Тутун Комерц“ заедно со Тане Николовски и Цветан Панделевски, како и случајот со „Лозар-Пелистерка“.

Афинитетите кон матење на вода, несомнено стекнал и нејзиниот син Васко Митев, сегашен директор на „Илирика Инвестмент“ за кој „Инфомакс“ дознава дека е вмешан, односно оркестрирал берзанска шпекулација со цел непазарно зголемување на цени на акции.

Станува збор за цените на акциите на ЗИК Пелагонија, за кои денес Агенцијата за Хартии од вредност стави времена мерка за забрана на зголемување на цената на акција.

Акциите во ЗИК Пелагонија, Васко Митев ги купувал по нереално високи цени од малите акционери – 50 евра по акција – а потоа истите ги пласирал по високи, исто така нереални цени, на тој начин зголемувајќи ја вредноста на акцијата надвор од пазарната логика.

Берзанска шпекулација е казниво дело, а и самиот сомнеж значи и одземање на брокерската лиценца. Надлежени органи покрај ЈО и АХВ е и Управата за јавни приходи каде директорува Сања Лукаревска.

За наводите, постојат и докази но и сведоштва на акционери на кои им биле нудени пари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This