April 30, 2024, 12:48 pm

(Видео) Пo cpeдбaтa вo гpчkaтa aмaбacaда: 3aeв дoзвoлyва во личните кapти дa cтoи caмо „гpaѓанин нa Ceвepна Maкедонија“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во личните карти мора да стои „Граѓанин на Cеверна Македонија“, потсети на денешната прес-конференција премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање.

-Важно е да се почитува до крај државјанството каде што стои „Македонско/Граѓанин на Република Cеверна Македонија“. Етничкиот идентитет на Македонците е потврден со Преспанскиот договор, како што е потврден и македонскиот јазик. Нема никакво загрозување на било кои интереси дома, од различностите наши, ни па надвор. Сме дале збор, се одржаа состаноци, работни групи, се имплементираат рокови, се знаат деталите како ќе се менува тоа, деталите ќе ги сподели Министерството за внатрешни работи, рече Заев.

Имено Законот за лични карти е сврзното ткиво помеѓу СДСМ и БЕСА, односно овој Закон е основата на коалициониот договор помеѓу двете партии, но изминативе неколку дена Левица го блокираше поднесувајќи 1300 амандмани.

Наши извори гoворат за таен состанокот во Грчката амбасада на Заев и истакнаа дека на состанокот на Заев му било посочено дека доколку во личните карти стои националноста, поточно Македонец / Македонка покрај бугарското, Македонија ќе добие и Грчко вето за членство во Европската Унија.

Димитар Апасиев и Левица го блокираа законот, а СДСМ е во тивка војна со БЕСА.

Останува нејасно зошто на некој од опозицијата би му пречело во личните документи на граѓаните да стои националноста имајќи во предвид дека од потпишувањето на Преспанскиот договор во сите документи на Македонците наместо националност беа запишани неколку коси црти /////!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This