Трагична сообраќајна несреќа сe случи во текот на вчерашниот ден, каде моторно возило „фолксфаген голф“ излетало од патот, по што две лица завршија во болница од кои возачот им подлегнал на повредите, додека сопатникот се здобил со повреди.
Во СВР Тетово вчера попладне пријавено е дека движејќи се со патничко моторно возило „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки по автопатот Тетово-Скопје, на Ш.Ј. (52) од тетовски Копачиндол, кој го управувал возилото, наеднаш му се слошило и излетал од коловоз.
-По излетувањето тој и сопатникот А.И.(62) од истото село пренесени се во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, а лекарите констатирале смрт на Ш.Ј, дека сопатникот завршил со лесни повреди, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.