Cин на македонски бизниcмeн пpeтeпaн вo Caндaнcки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Син на македонски пекар со дуќан во Сандански бил нападнат и претепан од група млади во близина на пазарот во овој бугарски град. Како што објавија бугарските медиуми, инцидентот се случил во понеделникот.

Сведоци на нападот повикале полиција по што неколку минути подоцна полицајците дошле на местото на настанот. На лице место дошле и родителите на нападниот Бранимир, Горан и Марија.

Според изјавите на сведоците, Бранимир одел по тротоарот кога крај него застанал автомобил од кој излегле три момчиња и почнале да го удираат.

„Да не реагиравме навреме, момчето веројатно ќе имаше многу посериозни повреди – изјавила продавачка од пазарот што се наоѓа во близина“.

Првично не е позната причината за нападот.

Брачниот пар, Горан и Марија, се сопственици на два трговски објекти во Сандански, фурна каде што го произведуваат лебот и продавница за бели пецива.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This