И Чифлигaнeц „copaботувал“ со Бoки 13 – Спoмeнaти нeкoлкy гpaдежни компании на cyдењето за „Меѓунapoден cojyз“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тој имаше плац во населба Илинден и сакаше да прави старачки домови, изјави Агапи Дика сестра на судијката Мери Дика на денешното сведочење на рочиштето за „Меѓународен сојуз“ во својство на поранешен претседател на Собранието на невладината организација на Бојанов Јовановски.

Невладината на Боки 13 според наводите на обвинителството била користена за перење пари и за рекетирање бизнисмени.

Спред сведоштвото на Дика, договори за изградба на вакви старачки домови потпишале градежната компанија Пелистер, но и Дрим Билдинг на Адријан Амзовски зет на Фијат Цановски.

-Видете сега, значи на второто одржано Собрание во 11 месец тука е донесен одлука за проект на „Меѓународниот сојуз“, и тогаш беше донесена таа одлука, гласаше Собранието. Тој проект се состоеше од центри за возрасни лица, требаше да се изградат e тука ги видов сопственикот на Пелистер и сопственикот на Дрим Билдинг. Кога заврши Собранието ги видов. Имаше преддоговори, презентации од фирмата „Пелистер“ и од фирмата „Дрим Билдинг“. Имаше прво преддоговори па договори, јас сум склучила дел од договорите. Требаше да се започне со реализација на проектите, но никако не се случи тоа, вели Дика.

Дика истакна дека присуствувала и на презентација на проектот на компанијата Адора во сопственост на Ванчо Чифлиганец чиј син, Душко Чифлиганец беше во долгогодишна со Ева Заев, ќерка на Вице Заев.

Се поставува прашањето дали сопствениците на овие фирми биле рекетирани или учествувале во перењето на рекетираните пари, имајќи го во предвид фактот дека само зетот на Фијат Цановски, Амзовски побара оштета од 190.000 евра од „Меѓународниот сојуз“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This