- Advertisement -
Како ќе изгледа процесот на масовна имунизација во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе дознаеме утре откако Министерството за здравство ќе спроведе симулација, пренесува „ТВ21“.
Симулацијата е закажана во 11 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски“, на самото место каде што ќе се спроведува вакцинацијата.
На настанот ќе присуствува и министерот за здравство, Венко Филипче.