- Advertisement -
На 05.04.2021 во 17.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Макази-с.Царев Двор, кај с.Горна Бела Црква, 16-годишна малолетничка од с.Горна Бела Црква, управувајќи мотоцикл „лонгија 125”, паднала на коловозот, информира МВР.
Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Ресен.