Филипче: Гpaѓaнитe дa ce пpидpжyвaaт дo мepкитe, cитe пpидoнecyвaмe пoбpзo дa зaвpши oвoj бpaн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска се обрати пред салата „А1 Борис Трајковски“, каде што се врши масовната вакцинација.

Филипче уште еднаш апелираше граѓаните да се придржуваат на мерките.

„Верувам дека граѓаните ќе се придржуваат на мерките, сите придонесуваме за што пократко време заврши овој бран.

Тука во салата Борис Трајковски започна имунузација на населението. Вакцинирани се 3500 граѓани вчера, и продолжува имунизација на граѓани во здравствените домови. Како доаѓаат вакцините, ќе се дополнуваат системите, ќе се намалува возрасната граница, а преку системот ќе се зголемува бројот на вакцинирани.

Бројот кој сакаме да го постигнеме е 7 илјади вакцинирани на ден. Чекор по чекор системот ќе функцинира. Вчера немаше никакви проблеми, се надевам дека така ќе продолжи.

Во однос на болничките капацитети, очигледно е дека сме во осмата недела од пикот, и се надевам дека нема да имаме такво изненадување како она на 1. април. Доволно капацитети има и во клинички и во болницата во Козле. Имаме 3-4 критични градови, согласно инциденцата, Битола, Кичево, Куманово и Тетово. Има секојдневна комуникација, и се менаџираат болничките капацитети и модуларните ковид одделенија. Граѓаните да се придржуваат до мерките, со одговорно однесување, сите придонесуваме за завршување на бранот“, рече Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This