Уaпceн cкoпjaнeц кој opгaнизиpaл вeceлбa вo cвojoт двop и пykaл co пишtoл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера околу 19 часот во с.Матка, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.С.(51) од с.Матка. Кај него при преглед бил пронајден пиштол „берета“ калибар 9 мм, а според пријавеното пукал со пиштолот и организирал семејна веселба во својот двор, спротивно на прописите за заштита од ковид-19, стои во соопштението од МВР.

По претходна пријава, во дворот од неговата куќа полициски службеници извршиле контрола, при што биле затекнати двајца музичари и поставени маси.

Поради сомнение дека постапиле спротивно на препораките за заштита од Koвид-19 од слобода биле лишени и Е.С. (22), од с.Матка, И.Ј. (56) од с.Камењане, тетовско, Ш.Р. (52) од Скопје и Ф.А. (28) од с.Србиново, гостиварско.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This