Гoлeмa тpaгeдиja ja пoтрece Битола: Пoчинa 19-гoдишнa дeвojкa вo koвид-цeнтapoт..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почина најмладиот пациент во Ковид-центарот во Битола, 19-годишната пациентка од Битолско, која се водеше како суспектна на коронавирус, но не беше тестирана, пренесе СДК.МК.

„Девојчето почина неколку часа по приемот, беше донесена во екстремно тешка состојба, почина пред да биде земен брис и не е во ковид позитивните починати“, вели директорката на Битолската болница Билјана Гагачовска.

Постмортем брисеви не се земаат веќе една година, па починатата не е во евиденцијата на лица кои умреле од ковид-19. Девојката беше со Даунов синдром, пренесе СДК.МК.

Во Ковид-центраот во Битола хоспитализирани се вкупно 134 пациенти, за едно деноноќие примени се 23 лица, испишани 11, а починати двајца на 63 и 69 години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This