Cpaм за Шилегов – Метро станица во Брисел го носи името на Есма, во Скопје улица која никој не знае каде се наоѓа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Белгиските медиуми во текот на вчерашниот ден пренесоа дeка метро станица во Брисел, Белгија е именувана според легендарната кралица на Ромската песна, Есма Реџепова.

Целта на ваквата одлуката на локалните власти во Брисел е да им се оддаде почит на жените кои придонеле во обликувањето на историјата на Европа.

-Ја редизајниравме мапата на метрото во Брисел, со цел да им оддадеме почит на овие жени, кои ја обликуваа Европската историја. Само две станици во Брисел беа именувани според жени, кога се улиците во прашање, дури 14 пати повеќе се сретнуваат имиња на мажи, отколку на жени, а во Париз само четири од вкупно 302 метро станици се именувани според жени – велат од здружението ,,Пријатели на Европа” кои стојат зад проектот.

Она што е трагично е што неодамна се градоначалникот Петре Шилегов ги менуваше називите на улиците ширум Македонија, голем дел од нив добија контроверзни имиња. Град Скопје ја објави нова листа со имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје, којa е дополна на веќе изгласаната листа од 2012 година.

Пред неколку месеци реагираше советникот од советот на Град Скопје од Коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Роми обединети од Македонија Ерџан Селими. Тој истакна дека во овие три и пол години поминат мандат како советник во Градот Скопје има нерамноправен однос кон Ромите.

-Овој пат преку оваа листа на имиња на улици, мостови и плоштади во која се најдоа само две имиња од ромската заедница иако согласно процентуалната застапеност на Ромите на ниво на Град Скопје требаше барем најмалку 20 имиња да бидат дел од оваа листа,истака тој.

Селими рече дека очекувал имиња на Есма Реџепова и Фаик Абдул кои се важни за ромската заедница да се најдат на улиците во централното градско подрачје, а не на улиците 17/76 и 16/79 да се најдат на улици кој што тој не ни знае каде се наоѓаат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This