Baжнo извecтyвaњe oд МВР за личнитe дoкyмeнти – eвe штo тpeбa дa знaeтe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, ги информира граѓаните дека поради надградба на системот за лични документи, од 11.06.2021 година (петок) започнувајќи од 16 часот, заклучно со 15.06.2021 година (вторник-во текот на целиот работен ден до 20 часот) нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола) во Скопје.

Од тие причини се известуваат граѓаните од подрачјето на град Скопје кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ (лична карта, пасош и возачка дозвола) на 11.06.2021 година по 16 часот, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за личен документ истиот ден (11. 06. 2021 година) до 16 часот.  

Граѓаните кои имаат закажан термин за 14.06.2021 година, правото за поднесување на барање за личен документ, ќе можат да го остварат на 05. 06. 2021 година на исто место и во истиот час и минути како што имаат закажано.  

Граѓаните кои имаат закажан термин за 15.06.2021 година, правото за поднесување на барање за личен документ ќе можат да го остварат на 06.06.2021 година на исто место и во истиот час и минути како што имаат закажано.  

Воедно ги информираме граѓаните готовите лични документи да ги подигнат до 11.06.2021 година до 16 часот или од 16.06.2021 година.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This