ОВИЕ ДАТУМИ СЕКОЈ НАВИВАЧ ДА ГИ ЗНАЕ: Шесте најважни датуми за секој навивач на Варадар!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екипата на Вардар испиша историја и обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на Европа. Македонскиот шампион го елиминира големиот фаворит Фенербахче и стана првиот клуб од нашата држава со ова историско постигнување.

Сега останува само да се дознаат противниците на вардарци во групната фаза, што ќе се случи на утрешната ждрепка од 13.00 часот во Монако. Арсенал, Лион, Лацио и Виљареал се само неколку од големите европски имиња, кои би можеле да гостуваат во Скопје.

Вардар ќе биде дел во една од 12. групи од ЛЕ, а сите фанови на тимот треба да ги запомнат следните шест датуми:

ПРВО КОЛО: 14 септември
ВТОРО КОЛО: 28 септември
ТРЕТО КОЛО: 19 октомври
ЧЕТВРТО КОЛО: 2 ноември
ПЕТТО КОЛО: 23 ноември
ШЕСТО КОЛО: 7 декември
Доколку нашиот првак заврши меѓу првите две екипи во својата група ќе учествува во нова ждрепка за најдобрите 24 екипи (плус осум од ЛШ), која ќе се одржи во Нион на 11 декември.

 

Извор: гол.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This