Многумина му се радуваат на летото, но лекарите предупредуваат на опасностите што ги носат високите температури за нашиот организам.
Деновиве температурите се искачија на 30 степан, а лекарите потсетуваат дека треба да се избегнува подолг престој на сонце, посебно во пладневните часови, да се заштити главата и задолжително да се пијат многу течности.
Се разбира, водата е секогаш најдобар и најздрав избор. Но, лекарите препорачуваат, освен многу вода во жешките летни месеци да се пијат и изотонични напитоци кои содржат електролити. На тој начин организмот ќе се заштити од дехидратација и од дополнителни здравствени компликации.