Романците шокиpaни од македонските навивачи: Еве колку тони пиво испиле само за 96 часа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Maкедонија го проследи своето прво учество на Европското првенство. Воведните два дуела против Украина и Австрија ги одиграа Македонците во Букурешт.

За околу четири дена колку што македонските навивачи престојуваа во главниот град на Романија, тие успеаја да испијат меѓу 70 и 75 000 литри пиво.

Помеѓу 3.500 и 4.000 Македонци престојуваа во Букурешт, а романските медиуми ја истакнаа нивната страст кон пивото, кое можат да го пијат во изобилство.

Така, за околу 96 часа, Македонците успеаја да испијат околу три резервоари пиво во само пет локали во стариот дел на градот, бидејќи капацитетот на еден резервоар е околу 25.000 литри.

На некои маси, сметките беа помеѓу 4.000 и 5.000 евра, што навистина изгледа неверојатно. Романските кафулиња успеале да заработат околу 450.000 евра од Македонците, според локалните медиуми.

Инаку, Македонците загубија во првите две кола од Австрија (3: 1) и Украина (2: 1), но дефинитивно не разочараа и оставија одличен впечаток кај сите неутрални љувители на фудбалот.

Македонските репрезентативци ќе го завршат турнирот на „Јохан Кројф Арената“ против Холандија. Тој натпревар ќе се одигра во понеделник, на 21 јуни од 18 часот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This