- Advertisement -
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека „страшно се плаши“ од есента кога станува збор за коронавирусот, пред сѐ заради невакцинираната популација.
– Делта сојот коси сè пред себе. Кога станува збор за нас, се плашам дека нема да имаме соодветен одговор, изјави Вучиќ пред новинарите по вежбата на српската армија на полигонот „Пештер“.
– Гледате, Велика Британија е скоро целосно вакцинирана и повторно имаат проблем, додаде тој.