Саша Богдановиќ преку социјалната мрежа Фејсбук, најави дека ќе се кандидира за градоначалник на Општина Центар на престојните локални избори.
Во продолжение објавата на Фејсбук:
Почитувани другари и другарки,
сопартијци и соборци, драги центарци,
Денеска во просториите на Општинска Организација СДСМ Центар, ја потпишав изјавата за прифаќање на кандидатурата добиена од месните одбори. Покрај пополнетата изјава и личната биографија, ја доставив и програмата со која сакам да ја побарам поддршката од мојата партија за кандидат за градоначалник на Општина Центар на претстојните локални избори.
Во изминатите години постигнавме многу за центарци, а знам и верувам дека ќе постигнеме уште повеќе.
#ЕдинственЦентар
Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.