Во Врање досега со прва доза се вакцинирани 11 540 македонски граѓани и 8 306 со втора доза

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Врање досега со прва доза се вакцинирани 11 540 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 8 306 наши државјани, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што соопшти порталот Југпрес, повикувајќи се на податоците од Здравствениот центар во Врање, до 14 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини во овој град изнесува 74.762.
Од нив бројот на вакцинирани граѓани на на Република Македонија со првата доза е 11 540, додека бројот на вакцинирани граѓани на Република Босна и Херцеговина е 6 граѓани.
Бројот на граѓани на Република Македонија кои се вакцинирале со втората доза изнесува 8 306 и 7 државјани на Република Босна и Херцеговина.
Бројот на вакцинирани граѓани на Република Србија со првата доза е 27 669, додека со втора доза се вакцинирани 27 117 српски државјани.
Најголем број македонски граѓани во Врање се вакцинирале со кинеската вакцина Синофарм, додека помал број ги добиле вакцините на Фајзер, Спутник В и Астра/Зенека.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This