Фудбалскиот клуб Вардар ги објави цените на билетите за натпреварите од Европа Лигата.
Македонскиот шампион ќе пушти во продажба блок карти за сите 3 домашни натпревари но и поединечни карти за секој од натпреварите.
Во зависност од позицијата на која ќе седите картите се движат од 600 до 1.200 денари за еден натпревар.
Така, на источната и западната трибина билетите ќе чинат 600 денари за еден натпревар, а блок билетите за сите 3 натпревари ќе се продаваат по 1.400 денари.
Во централните блокови на северната и јужната трибина еден билет ќе чини 1.200 денари, а блок за три натпревари, 3.000 денари.
Во страничните блокови на јужната и северната трибина, еден билет ќе чини 900 денари а блок картите 2.200 денари.
Првиот натпревар Вардар го игра во Скопје, на Телеком Арена на 14 септември против Зенит.