Извecтyвaњe oд MВP: Пoceбeн peжим нa cooбpaќajот вo Скопје во тeкoт нa yтpeшниoт дeн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 20.07.2021 (вторник), поради одржување на протестен марш во oрганизација на Здруженија на граѓани – коалиција „Менуваме”, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Притоа, протестот ќе започне во 18.00 часот пред Владата на РМ, а потоа ќе продолжи до Собрание на Република Македонија.

Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно од 14.30 часот до завршување на настанот затворена за сообраќај ќе биде ул.„11 Октомври”, а за време на движењето мерки за посебен режим на сообраќајот ќе се преземат и на бул. „Илинден”, десно по бул. „ВМРО” и лево по ул. „Димитрие Чуповски”, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This