Македонец во Албанија успеа да спаси 15 годишно девојче од давење благодарејќи на неговото искуство, стручност и обука.
Како што вели тој на социјалната мрежа Фејсбук, девојчето било во безсознание, но за среќа тој пристапил според протоколите и успеал да го реанимира.
Во продолжение објавата на Фејсбук:
Пред 3 часа на ова место на градската плажа во Саранда извадија 15-годишно девојче (давеник) во безсознание и циенотични усни со добар пулс и она што ни е вродено на сите вработени во И.М.П.-СК, да пружиме прва помош на такво лице, пристапив по протоколите за давање прва помош на давеници што сме ги давале и со нашите обуки во Брза Помош го реанимирав и девојчето поврати вода и ја доби бојата на лицето како на здрав човек.
Така средена и освестена ја предадов на колегите од Брза Помош-Саранда во стабилна состојба и сите на плажа ми дадоа големо БРАВО за мојата стручност, смиреност и професионалност.
Верувам следните денови ќе биде внимателна во вода младата девојка.
Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.