Петкоска од Охрид: Туризмот е моторот за развојот на Македонија, потребни се услови за напредок, а не милостија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидија Петкоска пратеничка во македонското Собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната трибина насловена „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе“ која што се одржа во Охрид истакна дека тутизмот е моторот за развој на Македонија при што и визијата на ВМРО-ДПМНЕ е за овој сектор да се развие при што од кој Охрид и Македонија можат да живеаат и да бидат конкурентни затоа што Бог ја дарувал со убавини, но и со паметни луѓе кои знаат тие убавини да ги валоризираат.

„Развојот на туризмот како значаен сектор во Македонија заслужува посебно внимание, а наша главна цел и стратешки приоритет е континуирано зголемување на бројот на туристи, преку градење на нови модели за развој туризмот, креирање нови форми на туризам, брендирање на производи , привклекување на бренд-имиња, зајакнување на човечките ресурси во угостителско туристичкиот сектор и промоција на земјата како безбедна и атрактивна туристичка дестинација со богати туристички содржини“, порача Петкоска.

Со јасна стратегија, макотрпна работа и мудри политики во минатите години на владеење на ВМРО-ДПМЕ успеа да го развие македонскиот туризам и така развиен го презеде сегашната власт предводена од СДСМ во чие владеење, туризмот целосно крахираше и го претвори во случај за интензивна нега, каде што освен некои ваучери за мал број граѓани, во време на пандемија кај власта недостигаа храбри и државнички потези и одлуки со кои ќе се презема сериозни мерки за спас на оваа важна економска дејност.

„Заедно со домашните факултети за туризам и угостителство, како и реномираните експерти во областа, потребно е да изработиме нова Национална стратегија за развој на туризмот со Акциски план за следните десет години, со вклучување на јавноста и туристичкиот сектор да изработиме студија за развој на алтернативни форми на туризам и да го одредиме начинот на кој истите ќе се развиваат и напредуваат во период пет години. Да направиме измена на законот за туристичка и угостителска дејност, да воведеме ред во туризмот преку формирање посебна туристичка инспекција, или туристичка полиција, да си ги заштитиме интересите на домашните туристички водичи, кои се презентери на нашето културно и историско наследство“, порача меѓу другото Петкоска.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This