Мицкоски: Цeлocнo ќe ги дигитaлизиpaмe ycлyгитe нa oпштинитe, нeмa пoвeќe yцeни и злoyпoтpeби

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секој оној кој што работи чесно, вредно, посветено, реализиран проекти, исполнува реформи, тоа е вистинскиот патриот за Македонија бидејќи економски, стабилна и силна држава е патриотски јака и стабилна Македонија. Денеска тоа е правецот и тоа е концептот Македонија за сите луѓе, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашната трибина во Прилеп на која се промовираа нови политики од концептот Македонија за сите луѓе.

Претседателот Мицкоски истакна дека вториот проект е воведување на дигитализација на општините, додавајќи дека со оваа реформа ќе се овозможи кратење на време за граѓаните да чекаат за услугите, но и ќе се прекине со уцените и злоупотребите.

Втората работа која што исто така сакам да зборувам, а делумно даде вовед и професорот Велинов, тоа е целосно дигитализирани во општината. Денеска се случува со месеци и со години да се чека документ, некако решение или некаква одлука. Со концептот на целосно дигитализирани во општината или дигитална моја општина, тие месеци и години ќе се скратат во денови. Нема повеќе уцени, нема повеќе злоупотреби, процесот ќе биде отчетен и транспарентен за да може секој еден граѓанин да го оствари своето право во општината за неколку дена, да не чека со месеци и со години, тоа е проектот „Мојата целосно дигитализирана општина”, истакна Мицкоски.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This