Германија и Унгарија завршија со евakyацијата од Авганистан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Два унгарски воени авиони и сите војници вклучени во евакуацијата го напуштиле Авганистан и безбедно се вратиле во Унгарија, објави унгарското Министерство за одбрана.

Министерот за надворешни работи, Питер Сијарто, вчера изјави дека унгарските летови за евакуација од Авганистан се при крај, откако централноевропската држава евакуира повеќе од 500 луѓе од Кабул.

Засилен е притисокот за завршување на евакуацијата на илјадници странци и Авганистанци кои им помагале на западните земји за време на 20-годишната војна против талибанците, а сите американски и сојузнички војници мора да го напуштат аеродромот следната недела.

Соединетите држави и нивните сојузници денеска ги повикаа луѓето да не одат на аеродромот во Кабул, и доколку се таму, да се префрлат на сигурно поради заканата од напад на Исламската држава, бидејќи западните сили брзаат да евакуираат што е можно повеќе Авганистанци пред крајот на август.

Германија ги повлече сите свои војници од Авганистан со последен лет за евакуација од Кабул, изјави министерката за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер.

– Сите војници, членови на Министерството за надворешни работи и федералната полиција кои ја доведоа оваа мисија до безбеден крај за нас, полетаа од Кабул, рече министерката, додавајќи дека, согласно тоа, мисијата за воена евакуација е завршена.

Новинската агенција ДПА претходно јави дека попладнево полета последниот германски воен лет за евакуација на германски државјани и локален персонал од Авганистан.

Според податоците на германското Министерство за одбрана, Бундесверот префрлил 5.193 лица од почетокот на мисијата за евакуација од Авганистан, а биле извршени вкупно 34 летови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This