Во Гостивар е забележан необичен настан. Снимен е пациент како излегува од прозорецот на задната просторија на Одделот за инфективни болести.
Фотографиите од овој момент ги пренесоа бројни медиуми, а во меѓувреме се уште нема реакција од болницата или полицијата во врска со овој случај.
Земјата се соочува со зголемување на бројот на заразени со Ковид-19. По Скопје, Гостивар и Тетово се најзаразените градови.
Од почетокот на пандемијата во Гостивар се регистрирани 7.503 случаи на коронавирус, додека во моментов има 1.394 активни случаи.