Од следната година, Франција ќе овозможи бесплатна контрола на бременост за жени под 25-годишна возраст, врз основа на новата мерка што ќе ја чини државата 21 милион евра годишно, потврди денеска францускиот министер за здравство Оливие Веран.
Како што е наведено, мерката ќе вклучува и бесплатни медицински прегледи поврзани со контрацепција и ќе почне на 1 јануари.
„Има намалување на употребата на контрацепција кај некои млади жени, главно од финансиски причини“, изјави Веран за телевизијата „Франс 2“, пренесува „Ројтерс“
Тој нагласи дека е недозволиво жените да не можат да се заштитат и дека не можат да имаат пристап до контрацепција, доколку сакаат да направат таков избор, бидејќи тоа им е прескапо.
Објавувањето на новата политика доаѓа во време кога владата на претседателот Емануел Макрон се подготвува за изборната кампања во 2022 година, а досега возрасната граница за бесплатен пристап до контрацепција во Франција беше 18 години.
Абортусите во Франција се бесплатни и за сите жени и девојки.