Преку ДНК анализи идентификувани се 14 лица коишто загинаа во пожарот. На обдукција е донесено и телото на помлада пациентка којашто починала непосредно пред пожарот.
Заврши обдукцијата на 15 тела донесени од болницата во Тетово, по пожарот којшто завчера ја пеплоса модуларната болница во којашто се лекуваат заболени од Ковид-19. „Со помош на ДНК анализи идентификувани се телата на 14-мина коишто настрадаа во пожарот, а извршена е обдукција и на помлада пациентка, чие што тело дополнително е донесено во Институтот за судска медицина“, вели првиот човек на Институтот за судска медицина, Александар Станков за ДВ.
Во текот на денот се очекува телата да им бидат предадени на семејствата на починатите.
Извор: Дојче Веле
Скроз е во право Роберт.
И на 50 години, човек да си спакува куферите од тука, да си замине и да не се сврти. pic.twitter.com/13S4s5LFre
— Man (@goranman2) September 10, 2021