Социјалните мрежи вријат по трагичната несреќа во Тетово во која 14 лица го загубија животот во модуларната ковид болница.
Мнозинството на граѓани бараат оставка од министерот за здравство Венко Филипче, а постојат и партиски директиви за поддршка на актуелниот министер за здравство.
На хвалоспевите за Венко Филипче реагираше доктор Ненад Лазаров кој го посочува ова срамно однесување на дел од јавноста.
-Нели ви е срам да хвалоспевате вака сервилно, 14 луѓе живи изгореа нема уште 7 дена поминато, нели ви е гад сами од себе, прашува Лазаров.