Пластичните кеси одат во историјата: Заев и Нуредини промовираа нови екоправила, новите ќеси ќе чинат 15 денари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од 1 декември стапуваат во сила забранa за употреба на пластични кеси во трговијата и на пластични амбалажи во угостителските објекти во подрачјата заштитени со закон…

Ова се дел од предвидените новини со неколку нови закони од областа на управување со отпад што ги презентираа денеска премиерот Зоран Заев и министерот за животна средина Насер Нуредини на прес-конференција во Владата, а откако регулативата неодамна беше „комплетирана“ во Собранието.

Нуредини рече дека со донесувањето на новите закони се овозможува премин кон циркуларна економија, како еден од стандардите на европската економија, а во насока на намалување на негативните ефекти на животната средина.

Со новата регулатива се овозможува отворање на повеќе нови работни места и точно се регулираат обврските и одговорноста на сите чинители во овој процес, како локалната самоуправа, производителите на отпад, граѓаните, економските субјекти, а по принципот ’загадувачот плаќа’. Забраната за употреба на пластични кеси за носење производи ќе стапи во сила од 1 декември. Дозволена е само продажба на биоразградливи кеси кои ќе бидат екстра лесни и за кои ќе се плаќа надоместок од 15 денари, кој во поголем дел ќе оди во Фонд за заштита на животната средина. Од 1 декември се забранува и еднократна употреба на пластични пакувања од угостителски објекти, за почеток, во заштитените подрачја – рече Нуредини.

Заев рече дека со новата регулатива се создава функционален систем за управување со отпад, во чија подготовката учествувале меѓународни и локални експерти.

На овој начин се европеизира нашата регулатива за управување со отпад. С Македонија веќе го чекори патот кон поодржлив пристап во оваа област и се имплементира Националниот план за управување со отпад 2021-2031 година. Новата регулатива ќе придонесе за економски развој, за подобра животна средина и за поголема здравствена заштита на населението. Се регулираат начините на транспорт, собирање, третман, рециклирање на отпад и се отвора простор за конечно расчистување со нелегалното собирање отпад кој создава диви депонии – рече Заев.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This