(Видео) Претседателот Пендаровски со сопругата присуствуваа на перформансот „Везилка – 100 години од раѓањето на Блаже Конески”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Под заедничко име „Слоеви на современоста – 30 години независност низ уметностите” во организација на Кабинетот на претседателот преку низа културни настани се одбележува Јубилејот – 30 години независна македонска држава.

Вечерва претседателот Стево Пендаровски заедно со сопругата Елизабета Ѓоргиевска, имаа можност да го проследат перформансот „Везилка– 100 години од раѓањето на Блаже Конески” во режија и драматуршка интервенција на Зоја Бузалковска поставен на сцената во Филхармонијата на Република Северна Македонија.

Перформансот „Везилка” претставува посветен ракопис кој содржи драматуршки рекомпонирани стихови на основоположникот на македонскиот современ јазик и македонските траги во современата книжевност и култура Блаже Конески, делови од неговите прози, како и делови од разговорите со Цане Андреевски.

На сцената перформансот „Везилка” беше поставен од музичката група Фолтин и автoрската екипа во состав: Трајанка Илиева Вељиќ – Таци, Ања Митиќ, Александар Степанулески, Никола Настоски, Ѓорѓе Јовановиќ и Зоја Бузалковска. За време на настанот беа прикажани и видео анимации со текстови од творештвото на Конески.

Претседателот Пендаровски е покровител на јубилејната стогодишнина од раѓањето на Блаже Конески и овој настан, освен што е дел од низата културни настани по повод Јубилејот – 30 години независна македонска држава, истиот е посветен на најважната фигура на современата македонска наука, книжевност и лингвистика.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This