Левица: Скопје можеби е еден од ретките главни градови во свет кој нема луна парк

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ветувањето за современ луна парк на само една недела од локалните избори повторно е дел од програмата на Шилегов. Целиот четиригодишен мандат на Шилегов помина како „лет во место“, само со празни ветувања. Како и за сите ветени проекти на Шилегов, па така и овој фамозен луна парк, се само 3Д проекции за кои се потрошени финансиски средства колку што чини и самата изградба на еден таков парк. За жал, Скопје можеби е еден од ретките главни градови во свет кој нема луна ларк.
И повторно, во низата ветено а неостварено предизборно ветување од 2017 година, е заштитата на Водно, односно ветувањето дека Водно повторно ќе биде белите дробови на Скопје. Наместо тоа, на Водно се сечеа дрва за гасоводната линија за да поминува низ срцето на парк шумата Водно. Тука беспоштедна борба покажа здружението „Го Сакам Водно“ чии членови го актуелизираа проблемот и ја подигнаа свесноста за истиот. Токму основачите на ова здружение се и кандидати за градоначалници на Левица, и тоа за општина Карпош Дарко Ристовски и за општина Центар Андреа Јанков.
Долга е низата на ветувања, но не и на остварени проекти на Шилегов. Но, Левица е тука за да ја врати довербата но и јавниот интерес во работењето на локалната самоуправа. Нашите советници покрај тоа што ќе бидат глас на јавниот интерес во Советот туку ќе бидат и граѓанска совест во Советите низ сите општини. Нашите советници ќе се погрижат јавно да ги обелоденат и со тоа да ги спречат сите намери на властите за спроведување на криминални, корупциски и по јавниот интерес крајно штетни политики.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This