Николовски: Создаваме нова иднина – Со подобрување на условите на живеење граѓаните ќе останат во Кратово, ќе се пpekине eгзодyсот на кратовската младост

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Мојата кандидатура за градоначалник на Кратово доверена од ВМРО-ДПМНЕ и Социјалистичката партија на Македонија ја доживувам како огромна чест но истовремено и голема одговорност и обврска, сериозна должност која ќе ја оправдам пред вас граѓаните на Кратово”, истакна Тодорче Николовски, кандидат за градоначалник на општина Кратово на митингот.

Николовски вети поинаков пристап кон суштинските проблеми на градот и кратовските села. Исто така вети целодневна посветеност, секојдневна отвореност и пристапност за секој граѓанин на Кратово, отчетност, транспарентност, со сите сили заедно со граѓаните ќе се воздигне градот.

„Ви нудиме програма со остварливи проекти кои ќе го разубават нашето место и ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните во рамките на финансиските можности на општината. Нудиме проекти со кои ќе се решаваат проблемите во комуналните работи, инфраструктурата, урбанизмот, животната средина и сообраќајот. Квалитетни проекти со кои ќе се пробиваат, трасираат и тампонираат локални патишта, проекти со кои ке се реконструираат и асвалтираат голем број на улици и патишта во градот и кратовските села со кои ќе се воспостави подобра комуникација со маалите, селата и соседните општини. Активности во насока на подобрување на капацитетите и квалитетот на водата за пиење како и одведување и обезбедување на вода во места и средини каде што ја нема”, нагласи Николовски.

Николовски додаде дека ќе се залага во подобрување на условите за образованието, обнова на градинките, училиштата, школскиот инвентар, модернизација и компјутеризација, како и доедукација на наставниот кадар.

„Ќе воспоставиме механизми за вклучување на граѓаните, бизнис секторот и други интересни заедници во работата и носењето на правилни одлуки во општината, форми и механизми кои во досегашното функционирање на Општината не биле пракса, облици на учество на граѓаните како форуми на заедници, јавни дебати и граѓански иницијативи, на овој начин ке се градат мостови на соработка меѓу локалната самоуправа и граѓаните и ќе се зголемува транспарентноста”, рече Николовски.

Николовски посочи дека со многу труд, секојдневен ангажман, заедно со неговиот тим, и поддршката од граѓаните Кратово ќе стане убаво место за живеење, привлечно туристичко место, град на задоволни и исполнети граѓани. Со развојот на општината, со подобрување на условите на живеење ќе се допринесе да граѓаните да останат да живеат во градот, и ќе се прекине егзодусот на кратовската младост.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This