Уште една тешka анкета за власта: За над 46% од граѓаните односите со Бугарија се движат во погрешна насока

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Проблемот со Бугарија и ЕУ интеграциите е едно од клучните прашања во надворешната политика на државата што имало влијание врз изборот на граѓаните за локалните избори, покажува анкетата на М-Проспект, спроведена телефонски во првата половина на октомври.

-46,5% од граѓаните сметаат дека односите со Бугарија се движат во погрешна насока, додека 30 отсто сметаат дека тој стагнира.Само 11 проценти од граѓаните гледаат позитивно на односите.

Кај мнозинството етнички Македонци, скепсата е поголема. 55,9% се со став дека односот се одвива во погрешна насока, а кај Албанците тој процент е двојно помал.

Перцепција дека односот со Бугарија се одвива во погрешна насока имаат и гласачите на СДСМ (31,8%). Овој процент е многу поголем кај гласачите на ВМРО-ДПМНЕ, дури 71 процент… Наспроти ова, 22,7 од граѓаните кои ги поддржуваат СДСМ се изјасниле дека односот со Бугарија се движи во позитивен правец, додека само 5,4 од оние за ВМРО-ДПМНЕ го дале истиот одговор.

Во кој правец се движи спорот со Бугарија, одговор се очекуваше да даде најавената средба на тимовите на македонското и бугарското МНР до крајот на месецов, но од кабинетот на Османи нема конкретен одговор дали ќе дојде до неа со оглед на неуспехот од последната средба на историската Комисија, која е една од петте точки на Протоколот 5+1 кој требаше да биде ставен на маса за договор со официјална Софија.

Дополнително ситуацијата ја искомплицира оставката на членот од македонскиот тим историчари, проф. Ванчо Ѓорѓиев.Од МНР за Канал 5 уште еднаш демантираат какво било мешање во рабоата на Комисијата и додаваат дека Ѓорѓиев се уште нема доставено писмена оставка и засега сите договори на членовите се активни.

– Како ресор задолжен за унапредување на добрососедските односи, наш интерес е Комисијата продуктивно да работи, што преставува интерес и на надворешната политика, но и интерес на целата држава. Оттука ние ќе продолжиме со поддршката во работата на Комисијата, како дел од севкупните активности на Министерството во насока на надминување на разликите со нашиот сосед Бугарија.

Последната средба на историчарите пропадна поради не можноста да се договорат околу формулациите за Цар Самоил и неговата држава.. До крајот на годинава планирана е уште една средба, а во меѓувреме се очкува да завршат изборите и во Бугарија, закажани за 14 ноември..

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This