Напнато е на терен во Тетово, а тензијата особено се чувствува во Мала Речица помеѓу БЕСА од една и СДС и ДУИ од друга страна, откако во градот незаконски, процедурално покриено е формирана специјална единица „Алфа“ со цел „поддршка“ на Теута Арифи за време на локалните избори
[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]
Во пресрет на локалните избори на подрачјето на СВР Тетово на крајно процедурално проблематичен начин е формирана полициска единица Алфи со цел поддршка на кандидатурата на Теута Арифи, изборни неправилности како и правење притисоци и заплашување на граѓаните. Најистурен играч на терен на оваа партиско-полициска јуришна единица формирана со амин на Спасовски и Велковски е Башким Лика, партиски активист на ДУИ, внук на потпретседателот на Владата, Хазби Лика и прв братучед на Неџбедин Лика еден од уапсените во Диво Насеље.
ПС. Напнато на терен во Мала Речица помеѓу Беса од една и СДСМ-ДУИ од друга страна – стои во текстот на ФБ групата „МВР партиски штаб“