- Advertisement -
Во општина Сарај, кај клучката Матка во близина на бензинската станица „Бис Оил“ дојде до поплавување на подвозникот во висина од 1 метар.
Поплавувањето е настанато заради дождот и дефект на водоводна мрежа на ЈП Водовод и Канализација“, соопшти АМСМ.
Од таму велат дека се заглавени четири возила, а луѓето биле извлечени од страна на пожарникари.
Од АМСМ велат дека екипи сè уште се на терен.