Ѓорге Иванов, претседателот на државата денеска не се појави на именден кај поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот господин господин Стефан.
Г.г. Стефан, традиционално, за празникот „Свети Стефан“ на 9 јануари ги кани кај себе највисоките државни фукнционери, претседателот на државата, претседателот на Владата и претседателот на Собранието на РМ.
Годинава, на поглаварот му дојдоа само премиерот и претседателот на Собранието, Зоран Заев и Талат Џафери.
Засега нема информации зошто претседателот Иванов не дојде на традиционалната средба.