Во Америка моментално има околу 3,5 милиони бездомници. Главна причина зошто луѓето се без покрив на главата е сиромаштијата како и порастот на цените на живеалиштата. Погледнете како живеат бездомниците во најразвиената економија во светот.
Една четвртина деца, биле без дом, покажува извештајот на американското Министерство за градежништво и урбанизам.
Во многу американски градови економската обнова е бавна поради ниските плати на луѓето со најмали примања, кои или се замрзнати или се намалуваат, како и поради буџетските ограничувања во социјалните програми.
Лос Анџелес, Сиетл, Портланд, Орегон и Хаваи се главните места каде се лоцираат бездомниците.