„ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ СЕ РАЗВЕДЕ“: Лажна еуфорија креирана од про-владините медиуми за дефокусирање на јавноста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во обид да се дефокусира јавноста од важните теми, како законот за јазици, преговорите за името, протестите и се почестите закани од разни екстремистички групи, дел од владините медиуми во текот на вчерашниот ден лиферуваа непроверена информација за наводен развод помеѓу екс-претсдателот на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски и неговата сопруга Снешка

„Љубчо Георгиевски се разведе од неговата сопруга!“, „Крај на тридецениската љубов!“ беа само дел од насловите во текот на вчерашниот ден во речиси сите провладини медиуми, очајно обидувајќи се да ја дефокусираат јавноста од важните општествено-политички теми.

Информацјата ја лиферуваше порталот „Либертас“.

Набрзо потоа, пристигна и демант од Георгеивски, во кој категорично беа отфрлени ваквите тврдења.

Денес на социјалните мрежи беа објавени фотографии од брачниот пар на кој се гледа дека парот е сеуште витален и среќен.

Latest News

Getting Started with the 82 Lottery App A Comprehensive Guide

Have you ever dreamed of winning big in the lottery? With the 82 Lottery App, you can turn that...

More Articles Like This