Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и почесен претседател на таа партија, денес еднаш со интервенција пред говорницата на Џафери го одложи гласањето на законот за двојазичност. Груевски излезе пред Талат Џафери и се обиде да го спречи во донесувањето на законот.
Погледнете го видеото, од собраниските превирања.
По кратката пауза, уследи повторно вклучување во Собранието, по што Џафери само кажа дека законот е изгласан. На тоа реагираа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои повторно излегоа пред Џафери во обид да го спречат. Џафери ја затвори седница со изговор дека законот е изгласан. Останува нејасно како законот е изгласан и колку пратеници навистина гласале.