ЦЕЛИ ФАМИЛИИ ВРАБОТЕНИ ВО М-НАВ: Политичарите си вработуваат ќерки и стрини за плати по 180.000 денари, безбедноста на летање катастрофална!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Високите плати кои неретко достигнуваат и до 180.000 денари месечно, флескибилноста на работата како и фактот што М-НАВ е акционерско друштво, се само дел од причините ова претпријатие да стане мета на политичарите, кои редовно вршат притисоци и си ги вработуваат сопствените семејни членови

 

„Преместуваат работници, примаат нови, по разно-разни, само не стручни критериуми. Како може на ќерката на една политичарка да и направат корекција на коефициентот и сега платата од 90.000 да ѝ скокне на 120.000 денари? И врз основа на што сестрата на друг политичар е префрлена во сектор со третина повисока плата, а да не ви кажувам како ја вработија, пред да се смени власта? И како во секторот за безбедност, преку ноќ, бројот на работници е дуплиран? А, таму се највисоки административните плати“, вели вработен во М-НАВ за весникот „Независен“, кој сакал да остане анонимен.

Ваквите тврдења од менаџментот на М-НАВ ги отфрлаат, а вината ја префрлаат врз Агенцијата за цивилно воздухопловство. Имено, од М-НАВ велат дека вработувањата на нови лица било поради пополнување на испразнетите места, поради пензии или откази на претходно вработени лица.

Од Агенцијата пак, со индигнација ги отфрлаат овие информации и велат дека тие немаат никаква врска со организација, функционалност и кадровски обновувања на М НАВ, бидејќи истите се во надлежност на Надзорниот одбор на компанијата.

М-НАВ не е буџетски корисник туку парите за работа ги добива од прелетите и од користењето на пистата, а му ги префрлува Еуроконтрол – Европската организација за безбедност и воздушна пловидба. Поради високите плати е во видокруг и на јавноста и на политичарите. Секторот за безбедност, кој има последен збор за безбедноста на опремата и на процедурите за работа, и врз кој е најголем притисокот за вдомување кадри, е со највисоки административни плати. Над нив се само оние на контролорите на летање, кои почнуваат од 90.000 и одат до 180.000 денари – пишува „Независен“

Вработени во М-НАВ за весникот тврдат дека недостасуваат околу 20 контролори на летање, бидејќи поголемиот дел од актуелните веќе ги исполнуваат условите за пензија, а голем дел од нив веќе се со намалена способност, согласно на тоа намалена е и безбедноста на летање. Наместо тоа, велат вработени за весникот, во М-НАВ се вработуваат административци кои земаат огромни плати, а немаат никаква функционална вредност за претпријатието.

 

 

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This